БДП со раст од 2,3 проценти во четвртиот квартал од 2021 година
Бруто домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2021 година порасна за 2,3 проценти, а како што информира Државниот завод за статистика, во истиот период извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 9,7 проценти, додека увозот на стоки и на услуги забележа пораст во номинален износ од 22,6 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2021 година, најголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9,2 отсто; Ѕ – Информации и комуникации од 5,3; како и Ј – Дејности во врска со недвижен имот од 3,1 отсто. Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2021 година, номинално расте за 10,2 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 62,5 отсто.
Растот на БДП во првиот квартал од минатата година изнесуваше – 1,9 проценти, во вториот 13,1 процент, а во третиот три проценти.
Министерот за финансии Фатмир Бесими во објава на Фејсбук напиша дека официјалните податоци на Државниот завод за статитика покажаале дека 2021 година ја завршивме со раст на БДП кој е близу до проектираниот од 4,1 отсто.
-Државниот завод за статистика објави дека растот на нашата економија во 2021 година изнесува 4 отсто. По падот од 6,1 отсто во 2020 година, во 2021 година која беше година на заживување на економската активност од вториот квартал излеговме од рецесија и постигнавме раст од 13,2 отсто и со позитивни стапки на раст во следните два квартала, годината ја завршивме со стапка на раст од 4 отсто, напиша Бесими.
Ново на Сител
-

ФФМ: ВАР проверката потврди офсајд, поништен гол на Башкими против Силекс
-

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти
-

Изминатата вечер приведени 25 возачи, 12 возеле без положен возачки испит
-

„Њујорк тајмс“: САД предлагаат Европа повторно да купува руски гас како дел од мировниот план за Украина
-

Приведени двајца турски државјани, а едно лице е во бегство за убиство во обид
-

Венс: Потезите на американската администрација во економијата и кон Иран ќе донесат придобивки во иднина
-

Приведен 18 годишен кумановец, при претрес во неговиот дом пронајдено е оружје
-

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот
