Прв истражувачки филмски фестивал во Скопје

Прв Истражувачки филмски фестивал Скопје (ИФФС) ќе се одржува во кино „Култура“ од 3-ти до 5 ноември, во организација на новоформираната Платформа за истражувачко новинарство и анализи - ПИНА (pina.mk) во партнерство со Фондацијата „Фридрих Еберт“-Скопје.
- Како прв ваков фестивал во регионот, ИФФС обединува локални, регионални и светски теми поврзани со новинарските предизвици и потфати. Тридневната фестивалска програма вклучува прикажување документарни филмови, работилници, дискусии и дебати со гости од Македонија, регионот и од светот, Отворањето на првото фестивалско издание е посветено на укажувачите, храбрите поединци кои обелоденуваат информации во име на општото добро. информира организаторот.
ИФФС е фестивал посветен на истражувачкото новинарсто, но отвора и прашања што ќе ги заинтересираат и оние кои не се дел од медиумите.
- Филмовите што се дел од фестивалската програма ја отсликуваат врската на новинарската работа со секој сегмент од општеството, па преку нив публиката ќе може да открие повеќе за приватизацијата во Хрватска („Газда“), затајувањето данок во Велика Британија („Пајаковата мрежа; Второто кралство на Велика Британија“), криволовот на птици во Србија („Рамнина без птици?“), проблемот со загадувањето („Црни бели дробови“ и „Загадување: Скопје го стигна Пекинг“), како и опстанокот на печатените медиуми во дигиталниот свет („Новинарство по ново, новинарство по старо“), соопшти Платформата за истражувачко новинарство и анализи.
По прикажувањето на филмот „Да се биде укажувач“ (Being a Whistleblower) на францускиот новинар и режисер Беноа Бринже, публиката на отворањето на 3 ноември ќе има можност да ја проследи и дискусијата на тема „Укажувачи: „тајни“ играчи кои може да ја променат историјата“
Ново на Сител
-

Нудел помош на граѓани при подигнување пари од банкомат, па им земал дел од парите
-

Ристо Самарџиев по 17 години повторно на сцената на „Макфест“
-

Европол: Екстремистите користат „онлајн“ игри за ширење пропаганда и регрутирање млади луѓе
-

Вознемирувачка снимка: Снимен моментот на уривањето на авионот во Флорида во кој загинаа 9 лица
-

Шведска се враќа на старото: Наместо таблети и компјутери, учениците повторно учат од книги и пишуваат со рака
-

Јанев: Финансиските истраги и одземањето на незаконски стекнатиот имот како клучни приоритети во борбата против организираниот криминал
-

Средношколците и студентите повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција
-

Платата на вработените во Армијата и во одбраната се зголемуваат за 10 отсто од 1 јануари 2027
