Сиљановска Давкова: Решение може да се најде за рационални прашања
И Европската Унија треба да покаже политичка волја за одблокирање на македонската европска приказна. Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова го Тема на Денот од Брисел вели дека и на Македонија местото и е меѓу фронтранерите, Црна Гора и Албанија.
-Кога сака Европската Унија може многу креативна да биде, рече Сиљановска Давкова.
Ако ЕУ не охрабрува во носењето реформи, тогаш и треба да го охрабри наоѓањето решение со Бугарија. Решение може да се најде за рационални прашања, децидна е Сиљановска Давкова.
-Ама после толку промени, уставни, уште еднаш сега да се вели дека тоа е клучното решение и да се бара нашата политичка волја мислам дека е проблематично. Ние бараме решенија од страна на ЕУ, а такви се разбира има. Покрај она што го предложивме со одложено дејство, се разбира дека сакаме да знаеме под кои услови ќе продолжат нештата понатаму, вели Сиљановска Давкова.
Претседателката вели дека во Брисел заедно со правните експерти од Унијата се обидуваат да најдат решение или барем објаснување на условите. Вели дека ова е период кој е важен, не само за нас, не само за регионот, туку и за ЕУ.
-На сите им е јасно не постои празен политички простор. Никогаш. Некој ќе се обиде да го пополни. Ние тука имаме еден голем имунитет со тоа што имаме 100% надворешна политика со ЕУ и што сме членки на НАТО. Но мислам дека она што им се овозможува на Молдавија и на Украина би можело да се примени и кај нас. Зошто? За да може да не стојат реформите, а ние како што гледате, добро стоиме со реформите. И за да не стојат реформите зашто ние ја концентрираме и губиме енергијата на други прашања, тоа да оди паралелно, вели Сиљановска Давкова.
Во рамки на посетата претседателката ќе се сретне и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Утре Европската Комисија ќе го објави Извештајот за напредокот на земјите-кандидати.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
