-->
-->
БДП на Романија бележи раст од 4,8 отсто во 2016 година
-->
Бруто домашниот производ на Романија е зголемен за 4,8 проценти во 2016 година во споредба со 2015 година, јави Аџерпрес, повикувајќи се на податоци од Националниот статистички институт.
Во последното тромесечие на 2016 година БДП се зголемил за 4,7 проценти во однос на истиот период во 2015 година и за 1,3 проценти од претходното тромесечие.
Во 2015 година БДП на Романија забележа раст од 3,8 проценти споредбено со 2014 година.
За оваа година прогнозите за економскиот раст на Романија варираат меѓу 3,7 отсто според Светската банка и 5,2 според Националната комисија за прогнози.
Европската комисија прогнозира раст на романската економија за 4,4 проценти, а Меѓународниот монетарен фонд - за 3,8 отсто во текот на оваа година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра