Баздникин: Листата на непријателски земји е реакција на постапките на владите на тие земји
Списокот на непријателски земји е објавен од владата на Русија при спроведување на указот на претседателот Путин. Тоа е список на држави кои вршат непријателски дејствија против руската федерација, руски кампањи и граѓани, потенцираше вечерва во Тема на денот рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.
-Тоа се вкупно околу 50 држави. До сега вклучувањето во овој список значи дека руските граѓани и компании, самата држава и нејзините региони можат да ги исплатат во руски рубљи заемите добиени од соодветните земји. Русија се уште не ги има разработено сите мерки кои ќе ги примени како одговор на западните санкции. Нашата одлука беше реакција на отворено непријателските постапки на владите на овие земји.
Амбасадорот додаде дека досега врз Русија се спроведени 5530 рестриктивни мерки и за жал во нив се вклучи и македонската влада.
-Испраќањето оружје за Украина од ваша страна го карактеризираме како неоправдани ризици за безбедноста на руските војници. Медицинската опрема е друга приказна, но ние поаѓаме од владиното соопштение, рече рускиот амбасадор.
Ново на Сител
-
Еден убиен, четворица повредени во престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите
-
Пожарите во Малешевијата ги десеткуваа пасиштата
-
Климатските промени ги намалија приносите на мед