-->
-->
Бата Живоиновиќ повторно во болница – Итно опериран
-->
Српскиот актер Велимир Бата Живоиновиќ повторно е во болница бидејќи пред неколку дена здравствената состојба му се влошила поради што е итно опериран.
Како што пренесува српски „Блиц“, актерот најмалку десет дена ќе помине во болничка постела. Бата Живоиновиќ (82) во јули 2012 година доживеа тежок мозочен удар од кој закрепна, во октомври 2006 година имаше срцев удар, а боледувал и од гангрена која во неколку наврати ја лекуваше во Куба, каде што живее неговата ќерка.
– Актерот има и апартман во една белградска клиника, па така освен семејството никој не може да го посетува без претходна најава – изјавил близок извор на семејството за српски „Блиц“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија