„Баскерфест“, Крива Паланка
Жителите на Крива Паланка синоќа имаа можност да се забавуваат и да уживаат во тричасовната програма која ја приредија дел од акробатите-учесници на годинашниот „Баскерфест“.
На плоштадот „ВМРО“ и дел од главната улица „Свети Јоаким Осоговски“ во центарот на Крива Паланка настапија 30-тина акробати и артисти од разни земји од светот.
- Трета година по ред Кривопаланчани ги забавуваа интернационални акробати, жонглери, музичари, магионичари со нивните неверојатни и единствени атракции под отворено небо. Оваа година нашата општина ја посетија најголем број учесници од овој фестивал од отворен тип, а Крива Паланка заедно со неколку други градови од земјава е дел од републичката организација на „Баскерфест 2015“, првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија, најголем настан од ваков тип во регионот, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Тој додаде дека „Баскерфест“ е само најава на богатата културна понуда за ова лето која ја приреди локалната самоуправа на Крива Паланка.
-Денешниот забавен перформанс на кој нашите граѓани одлично се забавуваа е увертира на богатата и разновидна културна понуда на „Кривопаланечко културно лето“, манифестација која ја организираме во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и Националната установа Центар за култура-Крива Паланка со која и годинава ќе организираме бројни настани, рече Алексовски.
Манифестацијата „Кривопаланечко културно лето“ ќе биде отоврена на 10 јули со „Осоговска староградска вечер“ која ќе се одржи на плоштадот „Карпошово востание“.
Ново на Сител
-
Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина
-
Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум
-
Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности
-
УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија