Loading Video...
Македонија
12. јуни 2025 - 16:34

Нема да има средба Силјановска - Радев во Хаг, но дали претседателката ќе се сретне со бугарскиот премиер

На Самитот на НАТО нема да има средба на претседателско ниво помеѓу Македонија и Бугарија. Во Хаг наместо претседателот Румен Радев претставник на официјална Софија ќе биде Премиерот Росен Жељазков, а од македонската страна веќе е потврдено присуството на претседателката Сиљановска Давкова. Но, се уште е неизвесно дали ќе има средба помеѓу нив двајца. Премерот Мицкоски денеска истака дека доколку има каква било иницијатива за средба меѓу македонската претседателка и бугарскиот премиер и тоа треба да се прифати, за да се покаже проактивност. За ова ќе разговарал и со претседателката. 

- Претседателот на Европскиот совет прати предлог, ние веднаш го прифативме, да седнат двајцата претседатели, фасцилитирани од страна на ЕУ, за време на настан, во кој сме рамноправни и едните и другите. На тој состанок имаше идеја да присуствува и генералниот секретар (на НАТО) Руте, претставници од американската администрација и да ги вкрстиме аргументите. Е сега таму гледаме една егзибиција, можеби е таков начинот на фунционирање на бугарската политичка сцена. На Самитот во Вашингтон присутен беше премиерот, каде бев јас. Логично е да ротираат претседателот и премиерот, барем таква е праксата, затоа оваа година таму е претседателката Сиљановска и логично беше од страна на Бугарија да биде испратен претседателот и тој беше најавен, во последен момент е испратен премиерот, рече Христијан Мицкоски, Премиер.

Мицкоски вчера рече дека кочницата од Бугарија за Македонија на патот кон членство во ЕУ не е внесување на Бугарите во Уставот туку бугарските барања се обид да се создаде нова македонска нација која користи нов македонски јазик кој почива на бугарски корени. 

Токму гласањето за предлог извешптајоит за напредокот на Македсонија беше одложено за 24 јуни е последната причина за заострување на политичката реторика помеѓу двете соседни земји. Откако известуваот Вајц потврди дека трпи бугарски притисоци и опозицискиот лидер Филипче побара официјална Софија јасно да каже дали уставните измени ќе бидат последно нивно барање.

Самит на НАТО ќе се одржи на 24 и 25 јуни во Хаг, а присутни ќе бидат сите челници на ЕУ и алијансата.