Македонија
12. јуни 2025 - 21:12

Средба на историчарите од Македонија и Бугарија

Македонските и бугарските историчари од мешовитата комисија на нова средба, овојпат во Скопје. По првиот ден од дводенвниот состанок, според бугарските историчари, не е постигнат никаков напредок. Откриваат дека побарале заедничко чествување и на Марко Цепенков, еден од најистакнатите македонски преродбеници од 19 век, но предлогот бил одбиен од македонските претставници на мешовитата комисија..

Состанокот продолжува и утре, за кога од македонскиот дел на комисјата најавија дека по завршување на состанокот ќе ја информираат јавноста за што разговарале со своите колеги од Бугарија. Досега, комисијата има постигнато договор за заедничко чествување за пет историски личности, Светите Кирил и Методиј, Цар Самоил, Св. Наум и Св. Климент.

Усогласени се и пет препораки за измени во учебнците за шесто одделение во Македонија и петти клас во Бугарија. Според Димитров, следна средба, комисијата ќе има наесен.

Денешната средба на мешовитата историска и образовна комисија е 36-та по ред. Беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство потпишан пред 7 години.