-->
-->
Барселона со победа над Атлетико е нов лидер во Примера
-->
Екипата на Барселона забележа победа на гостувањето кај Атлетико Мадрид и со трите освоени бодови се искачи на врвот на табелата во шпанската Примера.
Дербито од 24.коло во Примера, се одигра на „Винсенте Калдерон“ во Мадрид, каде Барселона славеше победа над Атлетико со 2-1. Рафиња во 60-тата и Лионел Меси во 86.минута беа стрелци на головите за Барселона, додека голот за Атлетико го постигна Диего Годин во 70.минута.
Барселона сега е лидер со два бода повеќе од Реал и Севиља. Сепак „Кралскиот тим„ има два натпревари помалку. Вечерва Реал ќе гостува кај Виљареал во последниот натпревар од денешната програма.
Во првиот кој се одигра попладнево Еспањол со 3-0 ја победи Осасуна.
Вечерва се играат и средбите Спортинг Хихон - Селта Виго и Атлетик Билбао – Гранада.
Табела: Барселона 54 бодови, Реал Мадрид 52, Севиља 52, Атлетико Мадрид 45, Сосиедад 44, Виљареал 39,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?
-
Филипче: Иако Мицкоски не’ одби ќе поднесеме документ за црвените линии
-
Партиски активности на кандидатите за градоначалници
-
Инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната заради очекувањата дека цените ќе продолжат да растат
-
Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги