Барак Обама се враќа на политичката сцена
Откако ја напушти Белата куќа, поранешниот американски претседател Барак Обама, не се појавуваше многу во јавност, но денеска се очекува тој да се врати на политичката сцена.
Се очекува поранешниот претседател од редовите на Демократската партија да присуствува на две средби со гласачите, првата во сојузната држава Њу Џерси, во близина на Њујорк, а втората - на 500 километри на југ, во Вирџинија. На овие митинзи, во Њуарк и во Ричмонд, Обама ќе изрази поддршка за кандидатите од Демократската партија на изборите за гувернер. Западните медиуми ја истакнуваат важноста на овие две учества на Обама на митинзи, бидејќи во САД не се вообичаени организирани средби со граѓани пред парламентарните избори во 2018 година.
Во двете држави гласањето ќе се одржи на 7 ноември.
Откако ја напушти функцијата на 20 јануари, првиот црн претседател на САД се држи на дистанца од политичката дебата, почитувајќи ја традицијата на резервираност, слично на своите претходници.
Ново на Сител
-
НАТО вежба во Бугарија
-
Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот