Бизнис
5. February 2017 - 17:30

Банките очекуваат поволни кредити , како до тие кредити да се стаса?

Олеснување на кредитните услови и за компаниите и за населението при зголемена побарувачка за задолжување. Вака банкаррите прогнозираат за претсојниот период во последната анкета за кредитна активност на Народната банка.

Според банките, главни фактори за намалувањето на каматите е меѓубанкарската конкуренција и ликвидносната позиција на банката.

На зголемувањето на побарувачката на корпоративни кредити од страна на компаниите најмногу влијаат потребите за преструктурирањето на долгот, инвестициите во залихи и обртен капитал и инвестициите во основни средства.

Од бизнис заеднцата оценија дека ланскиот кредитен раст од 6,6% го поддржал растот на индустријата во нестабилни политички услови.

Кај населението, според согледувањата на банките, фактор за раст на побарувачката на кредити се и натмау се перспективите на пазарот за станбена изградба. Кај потрошувачките кредити фактор што придонесува кон зголемување на побарувачката е трошењето за трајни добра. Стимулативно врз побарувачката за кредити и натаму делуваат довербата на потрошувачите и заштедите на населението.

Анкетата покажува што банките најмногу земаат во предвид за да одобрат некому кредит. На прво место се приходите на компанијата, по што следат проценетиот бонитет, познавање на клиентот преку деловен однос, квалитетот на инвестицискиот проект, вредноста на хипотеката. Најмалку важни се лојалноста кон банката и приходната моќ на гарантите на кредитот.

Кај населението, на прво место банките ги рангираат приходите и бонитет на граѓанитот, а потоа следат вредноста на хипотеката , учеството, познавањето на клиентот, како и квалитетот на претпријатието каде што е вработен. Банките најниско ги рангирале лојалноста кон банката и неговата капиталната моќ.