Банкарите ќе го одбележат Светскиот ден на штедењето
Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи свечена седница по повод 31 Октомври - Светскиот ден на штедењето.
На најдобрите службеници во банките и штедилниците ќе им бидат доделени плакети за постигнатите резултати во вршењето на работните активности.
На седницата најавено е обраќање на претседателот на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, Коста Митровски, министерот за финансии Драган Тевдовски и на гувернерот на Народна банка, Димитар Богов.
Депозитите на граѓаните во Македонија изнесуваат околу 3,8 милијарди евра. Поголемиот дел или над 50 проценти се во денари, а останатите се во девизи.
Според законската регулатива депчозитите се гарантираат до износ од 30.000 евра по депозит во банка.
Во септември депозитите на домаќинствата забележаа месечен раст од 0,8 проценти и 5,6 проценти годишен кој во поголем дел произлегува од растот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута.
Ново на Сител
-
Светот во исчекување на инаугурацијата на Трамп
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче - Во судница се презентираат снимки
-
Обвинителството води предистрага за Груби и Беџети
-
Левица бара ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени