-->
-->
Бајден: Ве молам, вакцинирајте се
-->
Ако сте вакцинирани, заштитени сте, ве молам, вакцинирајте се, нагласи американскиот претседател Џозеф Бајден во Белата куќа, зборувајќи за планот за вакцинација.
Тој ја упати пораката неколку дена откако не беше исполнета целта 70 отсто од граѓаните да бидат имунизирани со најмалку една доза до Денот на независноста.
– Америка се враќа и се спојува. Борбата против вирусот не е завршена. Милиони граѓани не се вакцинирани. Ова стана голема загриженост поради варијантата Делта, која е полесно пренослива и поопасна , нагласи Бајден, додавајќи дека 160 милиони луѓе ќе бидат вакцинирани до крајот на неделава.
Здравствените власти на САД во петокот соопштија дека 67 проценти примиле една доза вакцина против Ковид-19, а 47 проценти примиле две дози.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска