Бајден се надева на нов договор за прекин на огнот во Газа: Блиску сме
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изрази оптимизам дека нескоро ќе се постигне нов прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас во војната во Газа.
-Мојот советник за национална безбедност ми кажа дека сме блиску, рече Бајден. „Сè уште не сме готови. Се надевам дека ќе имаме прекин на огнот до следниот понеделник“, додаде тој.
Катар, Египет и САД со недели се обидуваат да посредуваат за нов прекин на огнот меѓу Хамас и Израел во Газа, договор што треба да го олесни ослободувањето на израелските заложници кои сè уште се држат во крајбрежниот појас.
Меѓутоа, неизвесно е дали меѓународните посредници ќе можат да го договорат прекинот на огнот до 10 март, кога почнува муслиманскиот пост Рамаза
Медиумите претходно објавија дека тешките преговори не напредуваат. Израелските телевизиски станици Канал 12 и Кан цитираа официјални лица дека преговарачката рамка предложена од посредниците сè уште не е компатибилна со барањата на Хамас.
Хамас го обвини Израел дека ги блокира преговорите.
Ново на Сител
-
НАТО вежба во Бугарија
-
Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот