Бајден ги запре нападите со беспилотни летала во невоени зони
Американскиот претседател Џо Бајден ги прекина бомбардирањата со беспилотни летала надвор од воени зони, каде дејствуваат американските сили, со што ја укина политиката на својот претходник Доналд Трамп, кој и дозволи на армијата да дејствува во држави како Сомалија.
– Секој напад со беспилотни летала врз џихадистички групи надвор од Авганистан, Сирија и Ирак ќе треба претходно да добијат одобрение од Белата куќа, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
Тој објасни дека станува збор за времени одредби и не значи дека тие ќе ги запрат нападите, но дека претседателот треба да биде запознат со поголемите дејствија.
Весникот „Њујорк тајмс“ пишува дека новите одредби им биле тајно предадени на воените команданти откако Бајден ја презеде претседателската функција на 20 јануари.
Ново на Сител
-
„Синот“ на струмичкиот театар го отвори 33. фестивал „Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија