Aвторoт на познатиот хит „I Love Rock’n’Roll“ почина од коронавирус
Алан Мерил, автор на хитот „I Love Rock’n’Roll“ почина на 69- годишна возраст во Њујорк, откако се заразил од коронавирусна инфекција Ковид-19, соопшти денеска неговата ќерка Лора Мерил.
Според неа, татко и пред две недели и јавил дека заболел од настинка. Во разговорите со ќерка му тој укажувал дека не е сериозно и дека е обична настинка. Алан Мерил починал вчера претпладне.
-Коронавирусот го однесе татко ми ова утро. Ми дадоа само две минути да се збогувам пред да ме изнесат, напиша Лора на Фејсбук.
Во својот пост таа напиша дека не можела да присуствува на неговиот погреб поради тоа што мора да помине карантин од две недели. Ги повика сите да бидат сериозни со пандемијата на коронавирус и да останат дома.
Алан Мерил беше познат како вокалист и бас-гитарист на британската поп-рок група Arrows. Песната „I Love Rock’n’Roll“ групата ја сними во 1975 година, а била напишана од Мерил и гитаристот Џејк Хукер.
Песната беше препеана од повеќе познати изведувачи. Најпознатиот препев е снимен во 1982 година во исполнување на пеачката Џоан Џет, по што пасната стана светски хит.
Ново на Сител
-
Одложено денешното судско рочиште за предметот „Адитив“
-
МЗ: Во текот на ноќта извршени 13 интервенции од Итна помош во Трубарево, лице транспортирано на Клиниката за токсикологија
-
Возачите на „Шкода“ најмногу пцујат, меѓу британските возачи
-
Мираковски: За една недела треба да ги имаме првичните резултати од мерењата за загаденоста на воздухот во скопско Трубарево
-
18-годишник повреден од огнено оружје донесен во Ургентен центар на Клинички
-
Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, значително подобрена и состојбата во Дрисла
-
Мотоциклист од Гевгелија им подлегнал на повредите по излетување од патот
-
Кошта: За ефикасна европска одбрана потребно е заедничко финансирање