Автобусите на „Макекспрес“ денеска не сообраќаат поради неисплатен долг од ЈСП
Приватниот превозник на автобуски градски превоз „Макекспрес“ денеска не сообраќаа на линиите 19, 20, 22, 52 и 54, поради неисплатен долг од страна на ЈСП „Скопје“ и Град Скопје.
Ниту еден автобус од „Макекспрес“ не е излезен утрово, поради тоа што, како што тврдат, немаат средства.
Сопственикот на компанијата Милорад Димитријевски вчера побара итна средба со раководството на ЈСП „Скопје“ и градските власти.
– Поради неподмирените долгови од страна на ЈСП, се доведува во прашање нормалното функционирање на јавниот превоз. Имено, моменталниот долг на ЈСП кон претпријатието „Макекспрес“ превоз до овој момент изнесува повеќе од 30 милиони денари и овој долг секојдневно расте, линиите 19, 20, 22, 52 и 54 од утре најверојатно нема да бидат функција, рече вчера Димитријевски.
Тој бара исплата на долгот за август, септември и октомври и да почне редовна исплата на неделните аконтации за извршен превоз.
Во спротивно, вели Димитријевски, нема да бидат во можност да го извршуваат превозот и напомена дека за да можат нормално да работат, парите им се итно потребни за набавка на гориво, резервни делови за тековно одржување на автобусите, како и за исплата на плати и придонеси за возачите.
Ново на Сител
-
Зголемена наплатата на вкупните приходи, најмногу од дивиденди од државните институции
-
Палчо ќе сведочи на денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Кочани денеска ќе добие привремен градоначалник, 45 лица осомничени за пожарот во Пулс
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски
-
Таравари со последни информации за повредените во Кочани
-
30% од децата од 6 до 9 години се со прекумерна тежина
-
Тема на денот со Венко Крстевски, независен советник и кандидат за в.д. градоначалник на Кочани
-
Притвор за четворица, куќен за шестмина ново осомничени за пожарот во Кочани