Свет
27. April 2016 - 19:22

Австрискиот Парламент усвои закон кој драстично го ограничува правото на азил

Австрискиот Парламент денеска усвои спорен предлог-закон, со кој драстично се ограничува правото на азил.

Новиот закон, кој е усвоен со 98 гласа, а против биле 67 пратеници, го ограничува рокот до три години, во кој одредено лице ќе добие заштита од државата откако неговото брање за азил ќе биде одобрено.

Тој и дозволува на Австрија да прогласува вонредна состојба во време кога мигрантите ќе бидат спречувани на границите, дури и без да имаат право да поднесат барање за азил.