Австрија бара од државите од ЦИЕ да се подготват за неуспех на договорот ЕУ-Турција
Австрија бара од земјите од Централна и Источна Европа да ги координираат дејствувањата на полицијата и армијата во случај на неуспех на договорот ЕУ-Турција за мигрантите, изјави денеска австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил.
- Откако договорот меѓу ЕУ и Турција стана се покревок и покревок, а и првите пукнатини стануваат видливи, тогаш ние треба да сме сигурни дека сме подготвени да дејствуваме, истакна Доскоцил по средбата со колеги од Централна и Источна Европа.
Тој нагласи дека планира да оствари уште една ваква средба, на која ќе учествуваат и министри за внатрешни работи, за да биде составен план за дејствување.
Турција и се заканува на ЕУ дека ќе го откаже договорот за бегалците до крајот на годината, доколку не биде исполнето барањето за визна либерализација за турските граѓани.
Ново на Сител
-
Филипче: Граѓаните живеат се потешко
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
На полноќ почнува изборната кампања
-
Партиите најавуваат демократски процес
-
Петмина средношколци завршија на штипско инфективно поради труење со храна од сендвичара
-
Колку пациенти по скринингот во Трубарево биле на дополнителни прегледи на Пулмологија?
-
Осветен храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје
-
Вандализиран муралот на Мајка Тереза