-->
-->
Аврамовска Мадиќ: Внесувањето на другите народи во Преамбулата на Уставот нема да го загрози идентитетот на македонскиот народ
-->
Заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ вчера изјави дека внесувањето на другите народи во Преамбулата на Уставот нема да го загрози идентитетот на македонскиот народ.
- Жалам што опозицијата не прифати да учествува во работната група за уставни измени. Предлагач на уставните измени е Владата. За да дојде текстот во Собранието, некој треба да го подготви, да го даде на Владата и таа да го предложи во Собрание, рече Аврамовска-Мадиќ во вечерашното гостување во тема на денот на телевизија „Сител“.
Во однос на работната група за уставни измени, таа истакна дека се очекува наскоро таа да се комплетира со експерти и да ги утврди начинот и методологојата на работа.
- Собранието доколку се произнесе дека има потреба од отворање на Уставот, односно има 80 пратеници, процедурата за уставните измени ќе продолжи во Комисијата за уставни прашања. Ние ќе и оставиме на работната група да се произјасни за она за што сметаат дека треба да влезе во измените, рече Аврамовска Мадиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кари повтори рекорд на Џордан
-

Обвинение против неготинец за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем
-

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани
-

Захарова: Ако нѐ нападне НАТО, Русија ќе одговори со сите расположливи средства
-

Мбапе по својот 400. гол: Треба да постигнам уште толку
-

Меси претпочита победа на Светското првенство пред уште една Златна топка
-

АМСМ: Од денеска законска обврска за зимска опрема за возилата
-

Стабилно време за викендот, од вторник променливо на места со обилни врнежи
