Балкан
1. September 2016 - 16:46

Аврамопулос: Турција не ги исполни сите барања за безвизен режим со ЕУ

Турција се уште не ги исполнила сите барања за безвизен режим со Европската унија, изјави денеска еврокомесарот за внатрешни работи, миграција Димитрис Аврамопулос кој е во посета на Турција.

– Турција постигна значителен напредок, но голем број барања се уште претстојат да бидат исполнети, нагласи еврокомесарот.

Клучен услов на ЕУ кој Анкара нема намера да го исполни, е измени во законот за борба со тероризам кој според Брисел ги ограничува граѓанските слободи во Турција.

Воведувањето безвизен режим од договорот ЕУ-Турција за ограничување на миграцискиот бран низ турска територија кон држави од ЕУ.