Авион на Ер Канада успешно вонредно слета во Мадрид
Авионот на „Ер Канада“ Боинг 767 со 128 патници успешно слета на аеродромот во Мадрид, откако претходно кружеше обидувајќи се да го потроши горивото, затоа што имаше проблем со еден од двата мотори и гумата, која пукнала за време на полетувањето.
Шпанското Министерство за одбрана соопшти дека борбен авион Ф18 е испратен од воениот аеродром во близина на главниот град на Шпанија за да се процени штетата предизвикана на опремата за слетување на авионот, кој требаше да отпатува за Канада.
Авионот, претходно денеска, полета од меѓународниот аеродром Адолфо Суарес-Барахас во Мадрид.
Авиокомпанијата соопшти дека авионот „имал проблеми со моторот кратко време по полетувањето“, како и со гумата на „Боинг 767-300. Во изјавата се додава дека авионот е „дизајниран да работи со еден мотор и дека пилотите се целосно обучени за таквата можност“.
„Сепак, беше прогласена вонредна состојба за да се даде приоритет при слетувањето“, појасни Ер Канада.
Авиокомпанијата побарала авионот да слета 30 минути по неговото полетување.
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?