Авганистан: САД одобрија исклучок од санкции за хуманитарна помош
САД одобрија два исклучоци од економските санкции воведени против талибанците, кои ја преземаа власта во Авганистан, со цел да се олесни испораката на хуманитарна помош.
Првиот исклучок им овозможува на американската Влада, невладини организации и одредени меѓународни организации и субјекти „да обезбедат хуманитарна помош за Авганистан и други активности кои придонесуваат за задоволување на основните потреби“ во земјата, се вели во соопштението на американското Министерство за економија.
Со вториот исклучок се одобруваат одредени трансакции поврзани со извоз на земјоделски производи (храна, семиња, ѓубрива), лекови и медицинска опрема, се додава во соопштението.
Министерството „останува посветено на ставот дека американските санкции не треба да бидат пречка за можноста цивилите во Авганистан да добијат хуманитарна помош од американската влада и меѓународната заедница, додека продолжуваат рестрикциите кон талибанците и другите санкционирани субјекти на кои им е забранет пристап до одредени средства“.
Авганистан, кој веќе е многу сиромашна земја, се соочува со уште поголема несигурност поради економските санкции и прекинот на многу хуманитарни програми откако талибанците ја презедоа власта.
Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд ја прекинаа помошта, а САД ги замрзнаа резервите на авганистанската централна банка кои се наоѓаат во Вашингтон.
Ново на Сител
-
Северна Кореја тестираше нови ракети
-
На граничните премини се чека до 15 минути за влез и излез од државава
-
Палестински очевидци тврдат дека израелски војници се забележани во градот Газа
-
Украински дрон предизвика пожар во руската нуклеарна електрана Курск
-
Зеленски: За неколку дена ќе бидат подготвени безбедносните гаранции за Украина
-
Сончево со мала до умерена локална облачност
-
Тошковски: 24 години ЕБР- врвна професионална единица која секогаш и секаде ја чува Македонија
-
Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“