Атмосферска канализација со полиетиленски цевки ќе биде поставена на улица во центарот на Делчево
Се заменуваат старите водоводни азбестни цевки со нови полиетиленски цевки на улицата „Светозар Марковиќ“ во центарот на Делчево.
Како што информираат од општина Делчево, по реконструкцијата на водоводната мрежа на таа улица, ќе следува поставување атмосферска канализација на улицата.
- Станува збор за поставување атмосферска канализација со полиетиленски цевки во должина од околу 380 метри. Со изградбата на атмосферската канализација се отвора можноста да се почне и со изградба на фекалната канализација на улицата, истакнаа од општина Делчево.
Овие активности претходат на најавената целосна реконструкција на улицата. Освен реконструкцијата на оваа улица, за годинава Делчево планира реконструкција и на ул. „Маршал Тито“, патот до с. Драмче, како и изградба на улици во населбата Ѕвегорска река. Средствата за капитални инвестиции испланирани во буџетот на општината, се во износ од 90 милиони денари.
Ново на Сител
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани