Асфалтирана кејската улица „Гоце Делчев“ во Оризари
Целосно е завршена кејската улица „Гоце Делчев“ во Оризари, активност од договорот на Општина Кочани со Министерството за финансии за ИПА-грант во висина од 16 милиони денари, за компонентата „ИПА инвестициски грантови“, финансирана од ЕУ во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги.
- Оваа улица во Оризари е во должина од 742 метра и ширина на коловозот од седум метри и тротоари од двете страни на коловозот со ширина од 1,5 до два метра. Паралелно со ова, извршено е санирање на мостот на влезот во Оризари и поправка на оштетувањата со проширување на регионалниот пат М5. Поставено осветлување со 24 канделабри, а наскоро улицата ќе ја добие и својата хоризонтална и вертикална сигнализација, соопшти помошник-раководителот на Секторот за уредување на градежно земјиште во Општина Кочани, Влатко Димитров.
Со завршувањето на овој дел, улицата се приклучува со асфалт со патот М5 Кочани - Виница според сообраќајно решение од надлежните институции.
Според Димитров, грантот на ЕУ ИПА инвестицискиот фонд во износ од 260.000 евра ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот и работните услови во Оризари, како и за поквалитетен и побезбеден проток на возила и за подобрување на пристапот до регионалниот пат и поврзување со градот Кочани.
Вкупниот износ на проектот e 315.607 евра, кофинансирањето од националниот буџет е со 65.000 евра и со општински 55.607 евра. Реализацијата на првиот дел од проектот „Изградба на локален пат - улица ‘Гоце Делчев‘ за поврзување на село Оризари со регионален пат и со градот Кочани“ е со грантот од ЕУ во износ од 195.000 евра.
Со овој проект и продолжувањето на изградбата на претходните 970 метри асфалт е комплетиран целиот локален пат - улицата „Гоце Делчев“, со што населбата Оризари доби модерен приод кон магистралната сообракајница која го поврзува Кочани со Виница.
Ново на Сител
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција
-
Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД
-
Трамп ќе разговара со Путин, но предупредува: За танго се потребни двајца
-
Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона
-
Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
-
Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа
-
Сообраќајка меѓу две товарни возила кај кавадаречко Раец, едно лице повредено