Арсовска на увид во чистење диви депонии во Бутел, Сарај и Карпош
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска изврши увид во активностите за интензивно расчистување на дивите депонии во општините Бутел, Сарај и Карпош.
Градот Скопје, наведуваат оттаму во соопштение, започна со чистење на мапираните диви депонии низ населените места на повеќе локации.
-Од првите денови од мандатот работиме на реализација на проектите чиј што рок на имплементација се токму 82 дена, а чистење на дивите депонии е еден од клучните приоритети. На дел од овие локации се предвидуваат нови зелени површини, а скопјани ќе добијат чиста, зелена и модерна европска метропола, изјави Арсовска при денешната контрола на активностите на терен.
Како што информираат од Град Скопје, истовремено, во соработка со другите градски општини, денеска на терен се чистат депониите во општините Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров. Во соработка со здруженијата и граѓаните ќе се мапираат дополнителни локации на кои во моментов постојат диви депонии со цел нивно отстранување и санација.
Ново на Сител
-
Во Радовиш приведени две лица сторители на 14 тешки кражби
-
Во Битола затекнати 23, а во Охрид шест малолетници после 24:00 часот
-
66-годишник во инвалидска количка повреден од автобус на улица во Струга
-
60-годишник со возило „Форд“ излетал надвор од патот, возачот починал на местото на настанот
-
Приведен 36-годишник од Крива Паланка, управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати и 31 повреден во судар на автобус и автомобил на автопат во Хрватска
-
Британската полиција уапси осум мажи осомничени за терористички активности
-
Мицкоски најави нова милионска инвестиција со повеќе од 200 вработени