Македонија
4. November 2020 - 8:33

Армијата ќе помага во обезбедувањето на болниците

 Владата на синоќешната седница го прифати предлогот на Министерството за здравство за ангажирање на припадниците на Армијата во обезбедувањето на болниците како дополнителна помош на припадниците на МВР.

Владата заклучи за ова да побара согласност од претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски.

Шефот на државата на минатонеделната седница на националниот Совет за безбедност, изрази подготвеност, доколку Владата побара, да стави на располагање колку што е потребно припадници на Армијата како логистичка поддршка во борбата против пандемијата.