Арифи: Има уште многу работа за да го направиме Тетово чиста општина, достојна за живот на сите граѓани
Кандидатката за градоначалник на Тетово, Теута Арифи денеска заедно со кандидатите за советници изврши промоција на изборната програма на ДУИ за Тетово. Програмата за Тетово е поделена во осум сектори за кои Арифи заедно со кандидатите за советници ги елаборираше.
Урбан и руралниот развој, гасификацијата и животна средина се првите четири дела од програмата кон кои ќе цели досегашната градоначалничка на Тетово.
-Има уште многу работа за да го направиме наше Тетово чиста општина, достојна за живот на сите граѓани. Со оваа програма ви го претставувам нашиот план за следните четири години и мојата заложба со целосна посветеност да го направиме Тетово подобро, помодерно и позелено. Оваа програма вклучува решенија за управување со отпад, модерна патна инфраструктура, вклучувајќи ја и новата обиколница за олеснување на сообраќајот, паркирање возила во центарот на градот и продолжување на јавниот превоз низ селата, истакна на промоцијата Теута Арифи.
Програмата предвидува активности и во областите спорт и култура, млади, економски развој, јавни услуги и транспарентност како и здравје и социјална заштита, за, како што кажа Арифи, општината да покажа грижа за сите.
Таа потсети на проектите во изминатите два мандати за кои посочи дека се направени во периоди на неколку кризни ситуации.
-И покрај тоа што не можеби не постигнав 100 проценти од она што го сакав и од она што Вие, со право, го очекувавте за нашиот град, со сигурност велам дека веќе постигнавме многу. Како градоначалник морав да управувам со неколку кризни ситуации во последните осум години – од поплавите во 2015 година, пандемијата со Ковид -19 и неодамнешната трагедија, посочи Теута Арифи, кандидат за градоначник на Тетово.
Ново на Сител
-
Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години
-
Германската компанија „Костел“ започнува трета фаза од инвестицискиот циклус
-
Шести обид бугарскиот Парламент да избере претседател
-
На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан
-
На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници
-
Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија
-
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025
-
ЕУ донираше еко автобуси за јавен превоз со Скопје, за редовно сообраќање се чека исход од набавката на нафта