-->
-->
Архимандритот Јоаникиј Ракотински прогласен за светител
-->
Архимандритот Јоаникиј од Ракотинци денеска во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје е прогласен за светител. По тој повод во храмот се одржа литургија со која чиноначалствуваше архиепискотот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сосолужение на сите членови на Архиерејскиот синод на МПЦ и свештенство од сите епархии на МПЦ.
Беше осветена и иконата на Јоаникиј Ракотински.
Одлуката на САС на МПЦ-ОА за впишување на Јоаникиј Ракотински во списокот на светиите ја прочита епископ хераклејски Климент.
Денешниот датум на официјалната канонизација ќе биде впишан во календарот на МПЦ.
Претходно, во осум часот од мостот „Гоце Делчев“ тргна свечена литија со моштите на преподобниот Јоаникиј Ракотински кои беа пренесени во соборниот храм.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро