-->
-->
Аргентина подобра од Уругвај
-->
Фудбалерите на Аргентина со минимални 1-0 славеа утринава на гостувањето кај Уругвај во рамки на 13 коло од квалификациите за СП во Катар идната година.
Единствениот гол беше дело на Анхел Ди Марија во седмата минута. Топката му ја додаде Дибала, а капитенот на „гаучосите“ со сјаен удар го совлада Муслера.
Лионел Меси не го започна дуелот, но ги одигра последните 15 минути.
Аргентина практично со само 1 удар го реши прашањето на победникот и направи голем чекор кон пласман на СП.
Моментно се втори со 28 бода, 6 помалку од лидерот Бразил.
Уругвај остана на 6-тата позиција со 16 бода, колку што има и Колумбија која се наоѓа на позиција која носи бараж за СП.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица