Апсење на Љуботенски пат, фатен бегалец од затвор
Приведен криминалец баран со централна потерница, осуден на казна затвор од 5 години и 10 месеци.
- На 15.05.2023 по претходно преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги на „Љуботенски пат“ во Скопје е лишен од слобода Б.И.(40) од Скопје, соопштија од МВР.
Како што информираат од МВР, тој бил осуден на затворска казна од пет години и десет месеци поради сторено кривично дело по член 418, став 2 од Кривичниот законик, а поради бегство од затвор за него била распишана централна потерница со која се барал за доиздржување на казната во времетраење од 3 години 1 месец и 15 дена.
Лицето е приведено и предадено во полициска станица по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за доиздржување на затворската казна.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани