Апел за донации за лекувањето на студентот Спасение Анчески во Загреб
Студентот по медицина Спасение Анчески од Скопје се соочува со сериозна здравствена состојба – акутна миелоидна леукемија (АМЛ).
Првата хемотерапија што ја прими во Македонија, за жал, не даде посакувани резултати. Затоа неговото лекување мора да продолжи во Загреб, каде што постојат поголеми шанси за успешно закрепнување.
Во овој момент, на Спасение му е неопходна финансиска поддршка. Секој придонес, без разлика на износот, претставува огромна помош за него и неговото семејство во овие тешки моменти.
Да останеме обединети и да помогнеме таму каде што е најпотребно.
Заедно можеме да му овозможиме Спасение да ја продолжи својата младост и да стане лекар кој ќе спасува други животи.
Броеви за донации: Македонски Телеком: 143191 и А1: 143502
Дополнителни информации за донации
• IBAN: MK07250080006734138
• SWIFT: INSBMK22
• Име: Spasenie Ancheski
Онлајн донации на следниов линк
Ново на Сител
-
Муцунски на состанокот во рамки на Берлинскиот процес
-
Во станот во Белград во кој загина Македонецот Мартин Сипковски имало 1.5 кг експлозив
-
Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и пратеник
-
Претрес во дом на струмичанец, пронајдени 300 грама марихуана и засадено стебло канабис
-
Од 1 јануари Србија ќе воведе национален данок на CO2
-
Во Кривичен денеска треба да биде објавена пресудата против три лица за дивите депонии во Вардариште
-
Кривична за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лица
-
Уапсени двајца скопјани поради сомнение дека запалиле три возила во Аеродром