Апасиев за понудата на Мицкоски: Политичкото рацио на Левица не е да донесе некој на власт, туку да стане власт
Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, како и лидер на партијата одговори на повикот од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за обедување против СДСМ и Зоран Заев.
„Мицковски на телевизија: „Подаваме рака на Левица да се обедини ОПОЗИЦИЈАТА“!? Мицковски во реалноста: – двегодишна забрана на ТВ Алфа да кани гости од Левица; – Курир, Република, Нетпрес и остали вмроидни куртон-медиуми со месеци наназад водат валкана кампања против Апасиев („пудлицата на Заев“) и Левица, по директива на Белата палата; – договара легализација на дивоградби со Заев у четири очи, во корист на урбаната мафија; – аминува фингиран Попис, за вештачки демографски етно-инженеринг на Македонија; – ќути на двојазично Собрание (и остава двајца пратеници да ја бијат битката со Џафери и ДУИ); – прифаќа етницитет во лични карти, коо да сме Руанда; – прави кворум на Закон за државјанства, за косоваризација на МК (со цел да им се додвори на наци-фашистите од Алијанса); – малициозно спрема покварени измени во Изборен законик, со снајперски оган насочен директно против Левица (фб-рекламирање)… И, кога после се, идат анкетите пред Локални – гледа дека без Левица нема победа!? И ај си вика, ова дечиштава, ќе им фрлам коска, ќе ги омекнам!? Види вака друже. Скроз си ја зрешил сликата за нас. Политичкото рацио на Левица не е да донесе некого на власт! Политичкото рацио на Левица е да стане власт“, му одговори Апасиев на Мицкоски.
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски очекува победа уште во првиот круг од изборите
-
Кратово домаќин на меѓународен научен симпозиум и етно филм фестивал
-
Кадарот и возилата болна точка за пожарникарите
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартуваше интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево
-
„Топката е кај вас, ЕУ е подготвена“, вели Фон дер Лајен по средбите со Мицкоски, Сиљановска-Давкова и Гаши
-
Тема на денот со кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски(ЗНАМ)