Апанажа бараат Царовска и Шеќеринска
По Никола Димитров, апанажа побарале и доскорешните министерки Мила Царовска и Радмила Шеќеринска.
Од Собранието велат дека Комисијата за избори и именувања, претходно веќе одобрила апанажа за двајца функционери чиј мандат завршил, но побарале да продолжат да земаат плата.
Во следните девет месеци, апанажа во висина на платата која ја добивале, ќе земаат поранешниот министер за земјоделство, Аријанит Хоџа и поранешниот заменик министер за култура, Седат Сулејмани, информираат од Собранието.
Времетраењето на апанажата е во зависност од должината на периодот кој функционерот ги извршувал работните обврски.
За мандат до шест месеци, апанажа следува за три месеци. Ако на функцијата бил подолго од две години, апанажата ќе добива во следните 12 месеци, а тоа е најмногу што го дозволува законот за плати и други надоместоци на пратениците и други избрани и именувани лица.
Дали и други министри ќе побараат апанажа ќе се знае до средината на идниот месец кога истекува законскиот рок од 30 дена во кој поранешните министри треба да одлучат дали ќе се вратат на своите стари работни места или ќе одлучат да земаат апанажа.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка