Антикорупциска одби неколку приговори од СДСМ

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на јавна седница одби неколку приговори од СДСМ во врска со член 8-а од Изборниот законик со образложение дека наводите во нив не се потврдиле. Комисијата ова го констатира откако до нив беше доставена документација од институциите и конкурсите за вработување на кои се однесуваа приговорите.
Министерството за правда до ДКСК доставило известување во кое се наведува дека не е извршен избор на нотари по оглас објавен во октомври 2016 година, по што беше констатирано дека наводите во приговорот на СДСМ не се потврдени и членовите на Антикорупциска го отфрлија.
АД Македонска пошта по допис од ДКСК информирало дека не е извршен избор на шалтерски работник и оти постапката е прекината, но исто така доставило и документи од кои произлегува дека подружница ГЦПС Скопје 2 има недостаток од шалтерски работници. Членовите на Комисијата го отфрлија приговорот.
И Театарот за деца и младинци од Скопје прекинал постапка за вработување на двајца актери за кои имале согласност од Министерство за финансии за 2016 година.
Антикорупциска исто така го отфрли приговорот СДСМ за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, односно за ставање камен телелник на градинка во општина Зрновце на 1 декември 2016, по распишувањето на изборите. Општината потврдила дека активности за изградба на градинка се отпочнати и дека се обезбедени средства, но оти не е ставен камен-темелник на објектот. Наводите од приговорот, како што беше посочено не биле потврдени.
Отфрлен беше и приговорот на Наталија Белчевска од Валандово против Агенција за вработување на Република Македонија. Членовите сметаат дека таа требала да се жали на изборот на кандидати на конкурсот во АВРМ, а не да се обрати до нив, бидејќи според документацијата на Агенцијата постапката е завршена пред изборниот процес.
Ново на Сител
-

Зеленски повика на „цврсти одлуки“ на самитот на НАТО, откако Русија изврши нови напади врз Киев
-

Уапсен 16-годишник од Тетово, крадел по цркви и џамии
-

Еуролинк осигурување со стратешка докапитализација од 5,85 милиони евра - капиталот надминува 20,5 милиони евра
-

СП 2026: Норвешка со два гола на Халанд го урна Бразил и обезбеди четвртфинале
-

СП 2026: Англија избори четвртфинале со триумфот над Мексико
-

Најмалку девет жртви во руски напад врз Киев
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација
-

Бројот загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342
