Анкетите покажуваат дека Трамп има предност меѓу републиканците пред изборите следната година
Околу 48 отсто од анкетираните кои се републиканци сакаат Трамп да биде претседателски кандидат на партијата, што е повеќе од 44 отсто во претходната анкета спроведена од 14 до 20 март.
И покрај тоа што се соочува со кривични пријави, поранешниот американски претседател Доналд Трамп има предност пред неговите ривали за номинација на Републиканската партија за претседателските избори следната година, според анкетата на Ројтерс/Ипсос.
Околу 48 отсто од анкетираните кои се републиканци сакаат Трамп да биде претседателски кандидат на партијата, што е повеќе од 44 отсто во претходната анкета спроведена од 14 до 20 март.
Во меѓувреме, поддршката за гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, најблискиот противкандидат на Трамп, падна од 30 отсто минатиот месец на 19 отсто во тековната анкета на Ројтерс.
Околу 71 отсто од испитаниците во тековната анкета, вклучително и 58 отсто од републиканците, сметаат дека е веројатно дека Трамп и платил на порно ѕвездата Сторми Даниелс да не ја открива нивната афера пред претседателските избори во 2016 година. Во исто време, 51 отсто од испитаниците, вклучително и 80 отсто од републиканците веруваат дека мотивацијата зад обвиненијата против него се политички.
Ново на Сител
-
Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром
-
Филипче бара лидерска за носење на надпартиска стратегија
-
Судот го отстрани Палчо од судница, Кешишев не сака да сведочи пред него
-
Советот на јавни обвинители даде негативно мислење за разрешувањето на Љупчо Коцевски
-
Дурмиши: Секој има право на протест, но местото за повисок минималц не е на улица
-
Филипче ги поддржува барањата на ССМ за 500 евра минималец, негира дека стои зад протестите
-
Преглед на вестите од светот
-
Законски измени за забрана на пиротехника во затворен простор и драстично повисоки казни