Анкета: Рејтингот на Владимир Путин во Русија надминува 80 проценти
Работата на претседателот Владимир Путин е одобрена од 82,2 отсто од руското население, а 53,6 отсто даваат позитивна оценка за активноста на премиерот Димитри Медведев. Ова се податоци од истражувањето на рускиот центар ВЦИОМ.
Рејтингот на Путин е „сé уште исклучително висок ", иако има незначителен пад од 85,3 на 82,2 проценти. Мал пад е забележан и во оценката за работата на Медведев и на Владата, која добива позитивни критики од 58,7 отсто.
Од август до септември, малку пораснале рејтинзите на двата парламентарни дома- Думата доби одобрување за својата работа од 53,2 отсто, а Советот на Федерацијата 59,7 отсто.
Податоците за доверба на јавноста кон политичарите во септември укажуваат на тоа дека, претседателот Путин сѐ уште води со 50,6 проценти. Следуваат министерот за одбрана Сергеј Шојгу со 15,8 и Дмитри Медведев со 14,3 отсто.
Рејтингот на партијата со мнозинство во парламентот „Единствена Русија“ достигнува 51 отсто.Рејтингот на либералдемократите е 9,2 отсто, поддршката за руските комунисти - 8,9 отсто, за партијата „Фер Русија" - 5,5 отсто, покажа истражувањето на БЦИОМ.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата
-
Мицкоски: Ако има зголемени цени, можно е враќање на замрзнатите маржи
-
Врховен суд ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици
-
Основните и средни училишта во Кочани должат 10,5 милиони мкд кон КПЈ „Водовод“
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ