Анкета: Речиси половина од Европејците го сметаат Трамп за непријател, има висок ризик од војна со Русија

Речиси половина од Европејците го сметаат Доналд Трамп за „непријател на Европа“, малку поголем процент од нив, пак, сметаат дека има висок ризик од војна со Русија, додека над две третини од Европејците веруваат дека нивните земји нема да можат да се одбранат во таков конфликт. Ова го покажуваат резултатите од анкетата спроведена во девет земји за париската платформа Le Grand Continent, која, исто така, откри дека огромното мнозинство граѓани сакаат да останат во Европската Унија, пишува Гардијан.
Жан-Ив Дормаген, професор по политички науки и основач на агенцијата за истражување на јавното мислење Cluster17, ги коментираше резултатите: „Европа не само што се соочува со растечки ризици, туку и минува низ трансформација на својата историска, геополитичка и политичка средина. Целокупната слика од анкетата покажува Европа која е загрижена, длабоко свесна за своите ранливости и се бори позитивно да се проектира во иднината“.
Анкетата покажа дека во просек 48 отсто од испитаниците во деветте земји го гледаат Трамп како директен непријател. Најмногу со ваквите ставои ги има во Белгија- 62 отсто, по која следата Франција- 57 отсто, додека на крајот се Хрватска- 37 отсто и Полска – 19 отсто.
„Низ целиот континент, трампизмот јасно се смета за непријателска сила“, рече Дормаген.
И покрај ова, Европејците сè уште го сметаат односот со САД за стратешки важен – компромис со американската Ввлада е најпопуларната опција за 48 отсто од испитаниците.
Релативно мнозинство од 51 отсто од Европејците веруваат дека ризикот од отворена војна со Русија во наредните години е висок, додека 18 отсто го сметаат за многу висок. Дормаген истакнува дека таков резултат „би бил незамислив пред само неколку години и сигнализира промена во европското мислење кон новиот геополитички режим во кој можноста за директен конфликт на континентот сега е широко прифатена“.
Ставовите варираат во зависност од близината до Русија. Па така, 77 отсто од Полјаците го сметаат ризикот за висок, а во Франција и Германија тој е 54 и 51 отсто, соодветно. На спротивната страна, пак, дека нема голем ризик од војна со Русија сметаат 39 отсто Португалци и 34 отсто Италијанци.
Довербата во националните воени капацитети е исклучително ниска. Дури 69 отсто од испитаниците во деветте земји веруваат дека нивната земја „навистина не е“ или „воопшто не е“ способна да се одбрани од руската агресија. Најсамоуверени се Французите, но дури и таму тоа е малцинско мислење од 44 отсто.
Во Полска, која граничи со Русија, 58 отсто од граѓаните не веруваат во одбранбените капацитети на нивната земја.
„Влегуваме во ера на опасност бидејќи чувствуваме трајно чувство на национална слабост“, заклучи Дормаген.
И покрај чувството на ранливост, огромното мнозинство од испитаниците го поддржуваат членството во ЕУ. Дури 74% сакаат нивната земја да остане во блокот. Највисока поддршка за ова прашање имаше во Португалија - 90 отсто и во Шпанија - 89 отсто, а најниска во Полска - 68 отсто и Франција - 61 отсто.
Пет години по излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, сега Брегзит во голема мера се смета за неуспех. Дури 63 отсто од Европејците веруваат дека тој имал негативно влијание врз Велика Британија, додека само 19 отсто веруваат дека одлуката била позитивна.
МИА
Ново на Сител
-

Причината за трагедијата во „Пулс“ не е поради градежни пропусти на објектот, тврди одбраната на општинските градежни инспектори
-

Чучуљ: Ќе се залагам за транспарентна работа на ДКСК, ќе бараме интегритет и одговорност од сите институции
-

Продолжува судењето за пожарот во Кочани, родителите поставија транспарент со фотографиите на загинатите
-

Анкета: Речиси половина од Европејците го сметаат Трамп за непријател, има висок ризик од војна со Русија
-

Поранешен сопственик на Порнхаб сака да го купи Лукоил
-

Kонкурси за стипендии за студии и специјализации од Владата на Кина и за студии на универзитетите во Унгарија
-

Најстудено во Берово и Маврови Анови, најмногу дожд во Гевгелија
-

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на промоцијата на Платформата за следење на проектите од општините финансирани од Владата
