Анкета: Повеќето здравствени работници од Хрватска не сакаат да се вакцинираат
Пoдатоците од анкетирањето на вработените за вакцинација, кое трае во болниците во Хрватска од минатата недела, покажуваат дека помалку од половина од лекарите сакаат да се вакцинираат, пишува „Јутарњи лист“.
На пример, во Универзитетскиот болнички центар Загреб, помалку од половина од лекарите се изјасниле за вакцинација, но затоа повеќе од 60 отсто од медицинските сестри ги дале своите потписи за вакцинација. Во болницата „Свети Дух“, ситуацијата е обратна и повеќе лекари се склони на вакцинирање. Половина од вработените во КБЦ „Сестри милосрдници“ би биле вакцинирани.
Хрватскиот институт за јавно здравје верува дека овие бројки ќе се зголемат кога ќе пристигне вакцината, иако годишната вакцинација против грип не влева оптимизам бидејќи одѕивот на здравствените работници бил релативно мал.
Се чини дека расположението на здравствените работници за вакцинација во Хрватска е слично на она во другите земји. Вакцинацијата со вакцините на „Фајзер“ и „Бајонтек“ е во тек во Велика Британија, а слични анкети покажаа дека би биле вакцинирани 4-10 вработени во здравствените установи.
Затоа се зголемува дебатата на глобално ниво дали треба да биде задолжително вакцинирањето на оние кои во својата работа можат да ја пренесат болеста на други, пишува „Јутарњи лист“.
Ново на Сител
-
Гркот Михалис Рокас ја почнува европската мисија во Македонија
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Алармантно во Мариовско, пожарот стигна на стотина метри од манастирот во Прилепец
-
Преглед на вестите од светот
-
Инспекторите на терен, дел од книжарниците продаваат по стари цени
-
Албанскиот буквар бил одобрен од Бирото за развој на образованието како дидактичко помагало
-
Ќе се менуваат кадрите во историските комисии со Бугарија и Грција
-
Министерот Фидан во официјална посета