Анкета: Половина од Германците не можат да го замислат животот без фрижидер
Германците најтешко би се откажале од користење фрижидер - речиси половина од анкетирани граѓани не би можеле да си го замислат животот без него, покажува истражувањето на германскиот статистички портал statista.com.
Четириесет и девет отсто од анкетираните не можеле да замислат живот без фрижидер, што е за 5 отсто повеќе од оние кои не би можеле да живеат без паметен телефон.
Автомобилите добиле само 31 отсто од гласовите во анкетата, што значи дека на Германците полесно би се снашле без автомобил отколку без дезодоранс, кој им е неопходен на 36 отсто од анкетираните.
На петтото место на неопходни работи се патиките со 30 отсто, а потоа дигиталната музика.
Само 23 отсто од граѓаните сметаат дека социјалните мрежи се неопходни за живот, но затоа 17 отсто не знаат како би живееле без - пиво.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица