Анкета на ИПИС: Победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарни избори, Мицкоски со најголема доверба кај граѓаните
Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 19 и 21 ноември 2021 на 1105 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања во моментот.
Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата. Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.
Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.
Во прилог се резултатите од истражувањето.
За која партија би гласале доколку следната недела има Парламентарни избори?
Во кој политичар имате најголема доверба? % Ниеден 33.1
Табела 2
Одговорите ја одразуваат демографската структура на испитаниците и нивните преференци и ставови. Сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3 % .
Ново на Сител
-
Малолетник од Виница во „фолксваген кеди“ превезувал 9 мигранти
-
Предновогодишен концерт на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД
-
Истрага за обид за убиство во Мирковци
-
Студија: Повеќето американски тинејџери се воздржуваат од алкохол, цигари и марихуана
-
Ѓуриќ за „Катимерини“: На крајот на 2026 година Србија ќе биде подготвена за членство во ЕУ
-
Украина: 1100 ракети беа истрелани врз нашата енергетска инфраструктура оваа година
-
Царината запленила 780 килограми тутун во поголема акција во Битола и Ресен | ФОТО
-
Нова акција на МВР во Арачиново, пронајдено големо количество оружје