Анкета: Грците стануваат се помалку евроскептици
Грците станале помалку евроскептици, а повеќето од нив, односно тројца од четворица, сметаат дека кризата најмногу се должи на „нивните сопствени слабости“ кои се сведуваат на „недостатоци“, на корумпираноста на грчките влади (92,6 отсто), на зависноста на нивното општество од „земањето кредити“ и на потрошувачка вон можностите (77,1 отсто), како и на постоењето организирани корпоративни интереси (66 проценти).
Ова го покажа истражувањето, чии резултати се објавени во весникот „Катимерини“, кое првпат посочува дека Грците јасно преземаат одговорност за своите грешки и покажуваат подготвеност да одат напред. Исто така, анкетата покажува дека евроскептицизмот во грчкото општество во последниве години почнал да опаѓа.
Вкупно 78 отсто од испитаниците се убедени дека „меморандумите (програмите за спас) повеќе и наштетиле отколку што направиле добро за земјата“. Понатаму, 71 процент сметаат дека тие меморандуми биле „измислица на Европејците, за да ги експлоатираат", а 57,7 отсто велат дека Грција сама, без Европа, можела да се справи и да ја надмине кризата.
Вкупно 84 отсто веруваат дека Грција ќе биде членка на ЕУ и во наредните десет години, додека 24,1 процент сметаат дека интересите на земјата подобро ќе бидат задоволени со една привилегирана врска со Москва.
За 66,9 отсто од Грците, Русите се израз на „доброто“, додека за 67,7 отсто Турците са симбол на „злото“.
На прашањето за идеален лидер, 30 отсто од анкетираните Грци на прво место го ставиле Владимир Путин.
Ново на Сител
-
Поранешниот директор на Геријатрија не се чувствува виновен за примањето 20.000 евра поткуп
-
Се уште е во финална фаза формирањето на странска комисија која ќе ги проверува наводите на д-р Кедев
-
ДЗС: Бројот на работници во индустријата намален за 4%
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари