Анкета: Аферата „Ибица“ нема да влијае на рејтингот на партиите
Аферата „Ибица”, која доведе до оставка на доскорешниот претседател на Слободарската партија на Австрија и вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе нема да влијае на мнозинството избирачи при носењето одлука за кого ќе го дадат својот глас на предвремените парламентарни избори на 29 септември.
Според анкетата на телевизијата АТВ, дури 63 отсто од испитаниците тврдат дека видео снимките на кои се гледа како Штрахе и нуди на наводна внука на руски милијардер државни зделки заради финансиска помош за неговата партија – нема да има никакво влијание на нивното гласање.
Од друга страна, 18 отсто рекле дека сега, посебно, ќе ја изберат истата партија на која во 2017 година го дале гласот на редовните избори, а 11 отсто испитаници рекле дека на некој друг ќе ја дадат довербата. Според истражувањето на јавното мислење, само еден отсто одлучиле дека нема да излезат на изборите.
Анкетата е спроведена од страна на Паблик Опинион Стратеџис за потребите на АТВ во периодот меѓу 2 и 12 септември врз примерок од 2.402 Австријци со право на глас.
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги