Анкара: Вчера убиените борци на ИД подготвувале напад на конгресот на Партијата на правдата и развојот
Борците на Исламска држава, кои вчера беа убиени во Анкара, подготвувале напад за време на конгресот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), соопшти денеска валијата на Анкара, Ерџан Топаџа, пренесе ТАСС.
- Двајцата убиени терористи планирале напад за време на конгресот на АКП, рече Топаџа.
Претходно беше кажано дека еден од терористите е азербејџански државјанин.
Антитерористичката операција беше извршена вчераутро во општински станбен комплекс во квартот Етимесгут, во турската престолнина. Полицијата упадна во апартманот, каде се наоѓале борците. Терористите отвориле оган врз полицајците, и во престрелката биле убиени. При претресот на станот биле откриени рачни гранати, оружје и рачно изработени експлозивни направи со голема моќност.
На вонредниот конгрес на АКП делегатите вчера гласаа за враќање на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на лидерското место во партијата.
Ново на Сител
-
30 дена од трагедијата во Кочани
-
Продолжува владината посета на ОАЕ
-
Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори
-
Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Отворен и кариерен ден на УГД– Штип и Стопанска комора на Македонија
-
Фондацијата Елеуса обезбеди Велигденски пакети за над 200 семејства
-
Преглед на вестите од светот
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди