Анѓушев: Нормално е буџетот да расте како што расте економијата
Буџетите во сите држави растат, како што расте економијата. Така што нормално е буџетот да расте, истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.
Одговарајќи на новинарски прашања за високата прокеција на буџетот за 2019 година, на пауза од 12. годишен работен состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ, подвлече дека растот на бруто домашниот производ мора да се огледа и во растот на буџетот и нема дилема дека тоа е добриот пат.
-Плаќањата од стопанството, практично не се тие што во главно го полнат буџетот. Тоа се другите давачки кои ги има во структурата на буџетот, рече Анѓушев.
Во однос на зголемениот јавен долг за 600 милиони евра за идната година, тој оцени дека јавниот долг во Република Македонија бележи стагнација во зголемувањето.
– Ако го споредиме со зголемувањето на јавниот долг од претходните години ќе видиме дека влегуваме во едни помирни води на задолжување. Ценам дека тоа прави стабилност во фискалната политика на подолг рок. Таквото задолжување е одржливо и нема да ги ремети финансиските текови во Република Македонија, рече Анѓушев.
Ново на Сител
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
-
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
-
ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите не е безбедна за пиење
-
Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните
-
Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН
-
Одредени се сите парови за плејофот во Лигата на шампионите