Ангеловска: Следниот месец започнува МојДДВ#МојаНаграда, половина милион евра награден фонд
Наградната игра МојДДВ#МојаНаграда ќе започне во текот на следниот месец и наградниот фонд е половина милион евра, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието. Таа посочи дека #МојаНаграда претставува надградување на успешната мерка МојДДВ, како и дека по примерот на многу успешни пракси во светот, преку наградна игра ќе се стимулира борбата против сивата економија.
–Наградната игра наречена мојДДВ#МојаНаграда има награден фонд од половина милион евра. Таа ќе придонесе да се стимулира дополнително земањето на фискални сметки. Мерка која дава резултати како МојДДВ треба да се надградува. Погледнете ги извештаите на Европската комисија за успешни и најдобри практики, како земјите адресирале сива економија со примена на наградни игри и како ги зголемиле приходите за 30 отсто, а ја намалиле сивата економија. Тие ги стимулирале граѓаните, односно применувале стимул а не казни. Со наградната игра и ние ќе ги стимулираме граѓаните кои го надминале месечниот лимит за поврат, да продолжат да скенираат бидејќи можат да добијат вредна парична награда. Исто така, граѓаните ќе бидат мотивирани да ги скенираат сите фискални сметки, без разлика дали имаат 5% ДДВ или нула проценти ДДВ. Сега сите ќе имаат еднаква шанса за добивка, рече Ангеловска.
Таа посочи дека МојДДВ ги испорачал резултатите за кои бил наменет – сузбивањето на сивата економија, што се огледа по подобрената наплата на ДДВ, како и по бројот на корисници од над 180.000 граѓани кои месечно скенираат околу 8 милиони фискални сметки. Ангеловска рече дека од 1 до 15 декември ќе се изврши првиот поврат на ДДВ кон граѓаните кои скенирале фискални сметки
Ново на Сител
-
Извештајот на Вајц со „Македонски јазик и идентитет“ усвоен во АФЕТ - одбиени амандманите на бугарските европратеници
-
Таткото тепач во притвор, за детето жртва на насилство неопходна е стручна помош
-
Законот за правична застапеност помина на Влада
-
Одложено рочиштето за таткото на Васил – ОЈО одлучи да го гони за поблаго кривично дело
-
Извештајот на Вајц со „Македонски јазик и идентитет“ усвоен во Комитетот за надворешни работи на ЕП
-
Панел-дискусија по повод една година Влада „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“
-
Таткото на Васил Јованов ќе се гони за поблаго кривично дело
-
Голем број лица гинат во сообраќајни несреќи