Ангелов: Еден хеликоптер замина на извидување во реонот на Пехчево
Еден од петте хеликоптери замина на извидување во реонот на општина Пехчево, изјави утрово за МИА Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи.
Станува збор за еден од петте хелокоптери за кои Ангелов вчера, преку својот фејсбук-статус најави дека ќе дејствуваат врз големиот пожар во реонот на општина Пехчево сè додека тоа го дозволува температурата на воздухот.
– Хеликоптерите се подготвени, еден отиде на извидување. Има многу густ чад над местото на пожарот, кажа Ангелов.
Дополни дека откако ќе направи извидување хеликоптерот што замина, останатите ќе полетаат од Аеродромот „Скопје“ во Петроовец.
Според последните податоци што ги соопшти вчера директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во земјава се активни 10 пожари, а најсериозна е состојбата во Македонски Брод како и во регионот на Пехчево и Делчево.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Никола Димитров, екс министер за надворешни работи
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Четири лица завршија на токсикологија од пожарот во Трубарево – утре ќе се знае колку и со што е загаден воздухот
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за пожарите и штетниот воздух
-
312 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје, 18 се за главниот град
-
Сашко Јанчев од Левица удрил во двајца малолетници на мопед и е приведен во полиција
-
Хаос во образовниот процес во Кочани