Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен
Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на армијата и полицијата заедно со екипи на ЈП „Јасен“. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
-Една линија на пожарот која се протегаше исклучително стрмно над асфалтираниот пат кој низ ловиштето Јасен води од Скопје кон езерото Козјак, е успешно изгасната од страна на армиските Волци со што е спасена поголема површина зимзелена шума, вели Ангелов.
Потенцира дека борбата со огнот на моменти е ризична поради што сѐ уште не може да се воспостави контрола над овој шумски пожар кој се одвива на екстремно тежок терен.
Воедно, информира дека пожарот над село Свиларе е целосно изгаснат, додека пожарот на територијата на село Радуша сѐ уште е активен и се движи кон општина Јегуновце.
МИА
Ново на Сител
-
Само двајца пиротехничари ја покриваат цела Македонија, од ДЗС најавуваат промени
-
Панахида за Тодор Александов во штипско Ново Село
-
20-ти „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Филипче: Владата со цинични половина денар за килограм се фали со повисоки откупни цени на грозјето
-
Мицкоски го одби Филипче: Итроштина е декларација со црвени линиии за ЕУ
-
Политички тензии околку Рамковниот договор
-
Кога економијата беше подобра - во време на СДСМ или сега? Партиите со меѓусебни обвинувања