Бизнис
15. March 2022 - 21:17

Анализа: Дали Македонија може да најде алтернативи за руските енергенси и колку време е потребно?

Нема начин за краток рок Македонија да најде алтернативи за снабдување со енергенси, велат експертите.

Според професорот по енергетика Антон Чаушевски дури и да се обезбеди алтернатива за гас, со цел земјава да не биде зависна единствено од Русија, за тоа ќе бидат потребни неколку години.

Една од можностите според Чаушевски е да се обезбедат резервоари каде ќе се чуваат залихи од енергенсите. Но, на земјава и се неопходни и сериозни инвестиции во обновливи извори на енергија.

Европа веќе работи на овие опции за да се ослободи од зависноста од рускиот гас и нафта.

Поради руската инвазија на Украина, Европската Унија објави план според кој до крајот на годинава ќе ја намали употребата на рускиот гас за дури две третини, а најдоцна до 2030 година планира да стане целосно енергетски независна од Русија.